Нетипична премиерка: Посетува музички фестивали и се облекува како нејзините врсници, а има и интересна семејна приказна!

Фотографијата од финската премиерка Сана Марин (36) која присуствуваше на музички фестивал во Хелсинки стана хит на социјалните мрежи
Финската премиерка со препознатлив стил, Сана Марин, привлече внимание откако присуствуваше на музичкиот фестивал „Flow Music Festival“ во Хелсинки.
Сана е позната по својот препознатлив и опуштен стил на облекување, со кој многумина не се согласуваат со оглед на нејзината политичка позиција во Финска, а многумина, од друга страна, многу ја поддржуваат нејзината слобода.
Кога не е на должност, премиерката сака да се облекува како останатите жени на нејзина возраст, па понекогаш решава да покаже малку повеќе.
Марин сега позираше во блескав фустан и црни чизми до глужд, а облеката ја подигна на едно повисоко ниво со црни очила за сонце, чанта и црн појас.
Финските медиуми беа воодушевени и од цената на фустанот на премиерката за кој процениле дека чини само осум евра.
Нејзиниот едноставен стил веќе им е познат на Скандинавците, а неодамна беше на фестивалот „Руисрок“ во Финска во кожна јакна и тексас шорц.
Во 2020-та година, Сана се омажи за нејзиниот партнер Маркус Раиконен со кој претходно беше 16 години во врска. Финската влада објави дека во саботата била одржана мала церемонија во официјалната премиерска резиденција во Хелсинки, на која присуствувале 40 луѓе. Премиерката го запозна Раиконен кога и двајцата имаа 18 години, а сега се родители на четиригодишното девојче Ема Амали.
Сана пораснала во семејство на хомосексуалци и има две мајки. Тие живееле заедно во изнајмен стан, а таа еднаш сподели приказна за тоа како често се чувствувала „невидлива“ бидејќи не можела отворено да зборува за своето семејство.
На само 27 години таа стана шеф на градскиот совет во родниот град Темпера, а потоа влезе во парламентот и владата како министер за транспорт и врски.
Извор: dnevnik.hr