НЕЗАБОРАВЕН СОК ШТО ГО ПРАВЕЛЕ НАШИТЕ БАБИ: Рецепт за освежителен пијалак што ќе ве потсети на детството

Не пропуштајте ја оваа сезона и не заборавајте да го наберете ова лековито растение според правила за да ги зачувате сите негови својства.
Бозел се од мај до јули, обично кон крајот на мај или почетокот на јуни, кога цветовите се во полн цвет, миризливи и полни со полен, но пред да почнат да венеат.
Најдобро е да се бере во сув и сончев ден, кога нема роса или влага, бидејќи тогаш концентрацијата на корисни материи е највисока.
Цветовите внимателно се сечат со ножици или се берат рачно за да не се оштети целото растение, а се избираат најчистите и најздравите, без оштетувања или инсекти.
По берењето, се суши во тенок слој, на проветрено и засенчено место, никогаш на директна сончева светлина, бидејќи на овој начин се губат есенцијалните масла и другите лековити супстанции. Најдобро е цветовите да се распоредат на хартија или памучна крпа, а не на пластика, и повремено да се мешаат за да ја изгубат влагата рамномерно. Процесот на сушење може да трае неколку дена, во зависност од температурата и влажноста на воздухот. Бозелот е целосно сув кога цветовите лесно се распаѓаат под прстите, а стеблата пукаат кога се свиткани.
Сушените цветови се чуваат во хартиени кеси или стаклени тегли со затворени капаци, на темно и суво место. Правилно сушениот и зачуван цвет го задржува својот пријатен мирис и светла, крем боја.
Бозелот е кориена поради многубројни лековити својства. Најчесто се користи за подготовка на чај, кој се препорачува за луѓе кои страдаат од настинки, кашлица и затнат нос. Може да помогне во исфрлањето на вишокот слуз од респираторниот тракт, како и да го поттикне потењето, што му помага на телото полесно да се бори против инфекциите. Исто така, делува антиинфламаторно, благо диуретично и ја поттикнува детоксикацијата на телото.
Од бозелот се прави и сок кој е доста освежителен за овој период од годината.
Потребно е:
- 30 цветови
- 2,5 дл вода
- 3 лимони
- 4 кесички лимонтус
- 2,5 кг шеќер
Подготовка:
Наберете ги плодовите (на оддалечено и чисто место) и потоа исчистете ги. Истурете вода во сад и додадете шеќер да зоврие. Оставете да се олади, потоа додадете лимонтусот, сокот од свежиот лимон и цветовите бозел. Оставете сè да отстои 48 часа, мешајќи повремено. Откако смесата ќе се смири, процедете ја низ газа и истурете ја во шише. Добро затворете за да не се проветрува, а кога сакате да ја користите, мора да ја разредите со вода.