НЕЗАКОНСКО ПОСВОЈУВАЊЕ НА ДЕТЕ ЗА 5.000 ЕВРА: Мајката потпишала нотарска изјава

Добивај вести на Viber

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе при МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Според описот во диспозитивот на наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело „Трговија со дете“.

Кон средината на минатата година, две од осомничените и непознато машко лице, заедно и по претходен договор со осомничената која била бремена со своето седмо дете и се наоѓала во тешка финансиска состојба презеле дејствија со цел да извршат незаконито посвојување на нејзиното новороденче за сума од околу 5.000 евра. Повеќе на Фактор.мк