Нора Шаќири стана в.д. директор на Театар Комедија: Ова е нејзината приказна
Водителката и новинар Нора Шаќири- Марковиќ која претходно работеше во Министерството за култура, деновиве е актуелна по веста дека е в.д. директор на Театар Комедија.
Нора на јавноста ѝ е позната и како сестра на музичарот Бени Шаќири од групата „Нон стоп'“, како и како ќерка на долгогодишниот новинар и уредник на МРТ, Хисен Шаќири, по чија загуба раскажа дека се соочила со големи проблеми со тироидната жлезда, поради кои имала и потешкотии да забремени.

Нејзин последен ТВ проект е контактната емисија „Овде и сега“.
Нора е среќно мажена за музичарот Марко Марковиќ, со кого во април минатата година го доби синот Ијан.

- Ме прегрна и ми рече дека ќе ме чува засекогаш. Не знам како, ниту пак од каде се појави, ама кога ме прегрна знаев дека Марко е тој - раскажа Нора за сопругот со кој рушат стереотипи и заедно слават и Велигден и Бајрам.

Таа беше тренди трудница, која крајот на бременоста беше приморана да го помине во карантин. Центар на нејзиниот свет се петте внуци од браќата Бени и Денис за кои вели дека ѝ будат мајчински чувства и навреме ја подготвиле за предизвикот бебе.

Инаку Нора е најдобра пријателка со поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи, за која има изјавено дека се како сестри.