„Од јануари 2024 година јас и моите деца јадеме само овошје, вода не пиеме“: Ирина се гордее со себе, додека луѓето се во шок

Добивај вести на Viber

Блогерката Ирина е убедена дека го прави најдоброто за себе и за своите деца, додека сите тврдат дека ѝ треба помош

„Моето име е Ирина! Воспитувам две деца, Адам и Алина. Од 1 септември 2024 година, јас и моето девојче јадеме само овошје и не пиеме вода“, овие реченици ја претставуваат блогерката од Русија Ирина, која е горда на својот начин на живот.

Ирина е сигурна дека луѓето си го уништуваат здравјето со модерната исхрана, па избрала посебен режим на исхрана за себе и за своите деца. Затоа се откажала од се‘ освен овошје кое го јадат секој ден, а понекогаш и зеленчук.

Ирина планирала нејзините деца да јадат истата храна како таа, но малиот Адам по еден месец одбил таква диета, па го вратила на „пире од компири и месо“. Но, Алина, која уште нема две години, се уште јаде само овошје и не пие вода.

„Денес е 343 ден кога јадеме само овошје, а не пиеме вода, без проблем“, рече Ирина на својот блог на 18 декември 2024 година.

Девојчето јаде само овошје и пие свежо цедени овошни сокови.

„Не сакам да пијам вода, бидејќи има доволно вода во овошјето. Од плодовите ги добиваме и сите хранливи материи кои се неопходни за раст и развој на организмот. Тоа е комплетна исхрана за секој од нас “, тврди Ирина. 


Луѓето кои ја следат на социјалните мрежи веќе извесно време се жалат, истакнувајќи дека таа не прави добра работа со изгладнувањето на детето: „Можеш да јадеш колку сакаш овошје, но ќерка ти не може да избере. Ќе го  уништиш детето!“ Но, Ирина стои на своето, таа верува дека сите болести се предизвикани од протеинска храна....

„Чиста жива храна значи чисто тело, чисти мисли“, вели таа.

Откако се префрлила на диета само со овошје, Ирина значително ослабела, а често наведува некои симптоми кои не можат да се препишат на здравјето и подобрувањето на состојбата на организмот.

„Имам 40 години, немам ботокс, дури и не користам специјални производи за кожа. Лицето ми е тслабо. Да, многумина велат дека изгледам постаро, но и ова ќе помине. Левото око е црвено - утре ќе видам што ќе биде следно“. „Гној излегува од грлото и од носот, ако одам на лекар, тој ќе ме наполни со еден куп лекови, а телото ќе продолжи да скапува одвнатре“, рече таа на 242 ден од диетата со овошје.

Детето изгледа многу поздраво од нејзината мајка, јаде се‘ што ѝ дадат родителите, забите и никнуваат на време, расположена е, но се‘ уште не зборува. 

Детето јаде банани, мандарини со вилушка, понекогаш јаде манго, авокадо и малини, бидејќи од раѓање не јаде ништо друго освен овошје.

„Многу луѓе велат дека конзумирањето овошје е скапо. Па, не е евтино. Но, ние не купуваме апчиња, бебето никогаш не е болно. Сè и се допаѓа, прекрасно спие, до сега и ја скратив косата двапати, ѝ растат забите. Таа има сила и енергија за цел ден“, рече Ирина.

Докторите алармираат и против оваа мајка, бидејќи сметаат дека детето во развој мора да јаде разновидна храна. Поради ова, многумина се закануваат дека ќе ја пријават кај властите.


Фото: Instagram