Од музичка сцена до тропски рај: Фолк убавицата покажа како изгледа вистински летен одмор

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Адријана Кеш ужива во последните августовски сончеви денови на едно од најубавите места на Халкидики. Во лесен летен стајлинг – стилски бикини со животински принт и бела кошула наметната на рамена, таа зрачи со самодоверба и природна женственост.

По напорна работна сезона и бројни настапи, фолкерката реши да си подари неколку дена одмор покрај море – опкружена со палми, ситен песок и мир во душата. Лежалката во форма на „гнездо“ целосно се вклопува во нејзиниот бохо-тропски амбиент, а нејзината опуштеност дури преку фотографиите пренесува чувство на спокојство.

Адријана уште еднаш потврдува дека за вистинска елеганција не се потребни скапи комбинации – доволна е мерка стил, добар став и насмевка. И додека нејзините колеги се подготвуваат за есенска зимница со нови песни, таа заслужено „се полни“ со сонце и позитивна енергија за она што следува.


Мал потсетник од Кеш: понекогаш најголемиот луксуз е да си дозволиш да здивнеш, да се оддалечиш малку од гласната рутина… и да си потсетиш колку е убаво да ти е мирно внатре.



РЖМ/ИС

ФОТО: Инстаграм