Одамна би се развела, ако не одев на брачни советувања: Пинк искрена за нејзиниот брак

Добивај вести на Viber

 Американската пејачка ја откри тајната на долг и успешен брак

Пејачката и актерка Пинк (40) откри како таа и нејзиниот сопруг мотоциклистот Кери Харт (44) го сочувале бракот кој трае 14 години.

Имено, Пинк откри дека таа и Кери веројатно ќе се развеле ако не оделе на брачни советувања, што им помогнало многу да ја зачуваат и одржат својата оаза на љубовта.

Пинк неодамна зборуваше на Инстаграм во живо со својот долгогодишен терапевт за брак Ванеса Ин, која им помогна да го спасат бракот.

- Добив бројни критики на своја сметка од луѓе кога им признав дека одам на советување за брак со мојот сопруг. Имав можност да разговарам со Ванеса како приватно, така и во друштво на мојот сопруг, а таа е единствената причина зошто се уште сме во брак - рече Пинк.

- Како деца, немавме можност да научиме како да имаме здрава врска и да се поврзуваме со луѓето, а она што во моментов се случува кај нас е совршен пример за тоа. Не знаеме како да сакаме и да се согласуваме. Не знаеме како да комуницираме - вели пејачката.

Пинк тврди дека нејзиниот сопруг не е единствениот што создал проблеми во нивната врска, но дека таа исто така постојано се жалела и го навредувала.

- Има разлика помеѓу врска и интимност, а интимноста е најтешка за мене. Имаше неколку моменти со сопругот за време на брачните советувања, што никогаш нема да ги заборавам. Со години се ѓалев на него, дека тој едноставно не е присутен, не ме разбира или не ме слушаша во емотивна смисла, и не се обидуваше да го разбере мојот јазик - рече Пинк и додаде:

- Кога Ванеса ни рече да замолчиме, да станиме и да ги ставиме рацете меѓусебно на нашите срца и да се погледнеме во очите, во тој момент сфатив дека претерувам цело време и дека јас всушност сум таа личност која само зборува и негодува нешто - заклучи таа.

Двојката се запознала во 2001 година на трка со мотори, каде што се возел Кери. Оттогаш се заедно, а во 2003 година имаа краток прекин во врската. 

Во 2005 година, на една трка, во еден момент Пинк кренала знак на кој пишува: „Дали сакаш да се ожениш со мене? Јас сум сериозна“. На тој начин, пејачката буквално го запросила. 

Кери на почетокот не го видел знакот, па продолжил да вози, но кога сфатил што се случува, тој ја прекина трката и и' кажа дека се согласува да се ожени со неа. Тие се венчаа на почетокот на 2006 година во Костарика и нивниот брак сè уште трае, а заедно имаат две деца.

извор:telegraf.rs