ОСВОЈ ваучер од 2000 денари во Козметички салон Celsius: ХалкБанк и Женски магазин со поддршка за трговците погодени од кризата
Како и голем дел
од малите трговци во нашата земја, а впрочем и во светот, така и центрите за
убавина не останаа имуни од економските последици предизвикани од пандемијата
со КОВИД-19.
Со цел да го спречат ширењето на оваа болест, беа принудени да ги затворат своите салони, а пак дамите, своето разубавувањето да го стават на „холд“.
Еден од овие козметички салони е и салонот за комплетна нега на жени Celsius, кој неодамна повторно отпочна со работа со однапред закажани термини, но со цел да му помогнеме што побргу повторно да го заживее својот бизнис, со нашиот партнер Халкбанк за една читателка на Женски магазин ќе доделиме вредносен ваучер во износ од 2000 денари кој може да се искористи за каков било козметички третман во овој салон за убавина.
Во Celsius на едно место можете да ги добиете сите фризерски услуги (вклучително и медицински третман на коса, третман за хидратација на коса и ботокс на коса); нокти (маникир, гел надградба, типс надградба, гел лак, гел лак на природни нокти, педикир); третмани на лице (Babor и Jannsen); депилација; масажа; третмани на тело; јапонска техника на исцртување на веѓи; лаш лифтинг на трепки; професионална шминка; свилени трепки итн.
Вие сѐ што треба да направите е нашата објава да ја споделите јавно на вашиот Фејсбук профил со #ВажниСеЛуѓето и да ги тагнете @Halkbank AD Skopje, @Женски Магазин/Zenski magazin и @Козметички салон / Kozmeticki salon Celsius, а ние по случаен избор ќе прогласиме еден победник кој ги исполнува критериумите.
Понатаму некој од нашиот тим ќе ве исконтактира, а вие не грижете се - во салонот Celsius е направена дезинфекција на целосниот ентериер и алатките за работа, а вработените се заштитени со маски, ракавици и визери. Вие треба само да уживате и да се препуштите на разгалувањето.
Да помогнеме и да ги поддржиме малите бизниси чија дејност не дозволуваше работа во вонредни услови.