Откриено: Кејти Холмс во љубов со 8 години помлад партнер

Добивај вести на Viber

Кејти Холмс е повторно емотивно исполнета.

Веќе некое време се шпекулираше дека Кеjти Холмс (41) е повторно за заљубена, а сега папараците забележаа романтични моменти со готвачот Емилио Витол (33), кој е осум години помлад од неа.

Судејќи според фотографиите направени во ресторан на Менхетен викендов, славната актерка е повторно среќна за заљубена.

Кејти му седна во скутот на својот сакан и разменија неколку страствени бакнежи.


Облечена во бела маица комбинирана со панталони, без грам шминка, Кејти не го пушта избраникот од раце.

Витоло е сопственик на ресторан кој е омилено место на многу холивудски лица како Џастин Бибер, Бредли Купер, Ријана...


Да потсетиме, Кејти Холмс има неуспешен брак со нејзиниот колега актер Том Круз, со кого ја има ќерката Сури  (13).