Овие 8 билки ќе ве спасат од комарците: Задолжително држете ги на прозорец, тераса или во двор

Покрај бројните препарати, во борбата против овие досадни крвопии можат да ни помогнат и растенија кои со својот мирис ги одбиваат.
Тие може да се одгледуваат во градини, овоштарници, дворови, балкони или тераси и ќе помогнат не само против комарците, туку и против други штетни инсекти.
Меѓу најефикасните билки се: рузмарин, босилек, лаванда, невен, нане, маточина и мајчина душица – сите овие се одличен избор ако сакате природна заштита од инсекти во домот.
Рузмарин
Комарците не го поднесуваат мирисот на рузмарин. Доволно е да поставите саксија со рузмарин на прозорецот и ќе спречите влегување на комарци, особено кога е во цвет.
Мирисот ќе биде уште поинтензивен ако ја протресете билката. Освен тоа, листовите од рузмарин можат да помогнат во ублажување на чешањето и отокот по убод од комарец. Од етерично масло од рузмарин може да се подготви и природен репелент.
Босилек
Босилекот е еден од најсилните природни репеленти. Садете го на тераси или балкони – ќе ги одбие не само комарците, туку и други инсекти. Ако ве касне комарец, истријте го местото со лист од босилек – ќе почувствувате олеснување. Денес постојат многу видови на босилек кои се декоративни и ароматични.
Лаванда
Лавандата со својот мирис исто така ги одбива комарците. Освен живите билки, можете да користите и сушена лаванда за заштита од инсекти во просториите.
Лимонова трева
Позната по својот пријатен лимонест мирис, лимоновата трева е чест составен дел на природни спрејови против комарци. Добро успева во саксии и лесно се одгледува.
Невен
Невенот е уште едно растение кое со својот мирис одбива инсекти. Цвета цело лето и е одлична декорација за дворови и балкони. Во градините се самосее и покрај комарците, делува и против други штетници во почвата.
Нане
Нането не само што ги одбива комарците, туку и мравки, болви и други инсекти. Дури и глувците го избегнуваат мирисот на суво нане.
Маточина
Маточината исто така ги одбива комарците. По убод, можете да ставите зgnечен лист на местото – ќе го намали чешањето.
Мачја трева
Одличен избор за љубителите на мачки, бидејќи освен што ги одбива инсектите, мачките ја обожаваат. Но, ако не сте љубител на мачки, избегнувајте ја – бидејќи ќе ги привлече.
Извор: Mondo.rs