Хороскоп // Хороскоп
Овие хороскопски знаци се магнет за пари и богатство

ШКОРПИЈА
Интуитивна и магнетна, Шкорпијата има внатрешен радар за пари. Знае да ги прочита луѓето и ситуациите – и често профитира од тоа. Одлична е во финансии, истражувања, инвестиции и тајни проекти. Пари често доаѓаат од неочекувани извори.
ДЕВИЦА
Девицата прави пари со прецизност. Нејзината аналитичност, педантност и склоност кон детали ја прават идеален финансиски менаџер. Пари заработува преку услуги, аналитика, медицина или технологија. Не ризикува – таа калкулира.
ЛАВ
Лавот е магнет за внимание – а каде што има внимание, има и пари. Тој плени со харизмата и знае да се претстави. Пари доаѓаат преку уметност, медиуми, јавни настапи или бизнис во кој е во центарот. Сака луксуз – и често го добива.