Пејачката Камелија искрена: На мојот роденден абортирав со близнаци

Добивај вести на Viber

Бугарската пејачка Камелија, која нам ни е позната по нејзината песна „Луда по тебе“  го прослави својот 50-ти роденден, и за прв пат призна дека абортирала три пати. Најболно ѝ било последниот пат кога лекарите морале да абортираат близнаци на нејзиниот роденден. Во интервју за ТВ Нова, Камелија изјави: „Направив сè за да имам деца, ако треба да бидам мајка во овој живот ќе се случи и тоа“.


Камелија отворено зборуваше и за човекот до неа, Цветин, за кој таа вели дека ја научил да сака, а разделбата со него и била една од најтешките работи што некогаш ги доживеала.

Тогаш била жртва на слава и сметала дека сите ѝ должат: „Ти не си девојката во која се заљубив“, и рекол тогаш Цветин. Таа исто така призна дека двапати била лудо заљубена во други мажи, од кои едниот бил многу помлад од неа. И покрај тоа, Цветин останал најважниот човек покрај неа, на кого се потпре кога ја раскина соработката со најголемата музичка продукциска куќа во Бугарија, Пајнер. Тоа бил најтешкиот момент во нејзината кариера. „Ѕвезда не може да има шеф, може да има само продуцент“, вака ја објасни Камелија својата одлука за напуштање на музичкиот гигант. „Имавме добри моменти, но и разлики“, изјави Камелија и додаде дека никогаш не се симнала од врвот од почетокот на нејзината кариера.


Фото: Инстаграм/kamelia_official

Видео: Youtube


Можеби ќе ве интересира:

Имав 12 „бракови“: Маја Оџаклиевска откри чии работи ги ставала во вреќи за ѓубре