Писмо до љубовницата на мојот сопруг: Кога се обидувате да го уништите семејството, злото ве следи

Ако некогаш ве изневерувале, ќе разберете зошто оваа жена имаше потреба да се обрати на поранешната љубовница на нејзиниот сопруг и да и' напише писмо.
Луѓето реагираат различно на измама, но она што многумина имаат заедничко е што изразуваат лутина, тага и повредени се...
Сепак, една жена имаше сосема поинаква, за многу, неочекувана реакција. Наместо скандал или избрзана одлука за развод, таа чекаше некое време да помине, а потоа на љубовницата и' напиша генијално писмо.
Прочитајте го и сигурни сме дека ќе разберете дека е можно да се справите со непријатни ситуации, како прељуба, со достоинство.
„Драга љубовнице,
Да, сè уште не можам да ве повикам по име. Вие сè уште, за мене сте жената што се обиде да го украде мојот сопруг од мене и моите деца. Да, мојот сопруг беше идиот затоа што „се заљуби“ во вас, но не го пишувам ова заради него, туку со желба да ви кажам нешто: не успеавте во намерата воопшто.
Во моите очи (и во очите на многу други луѓе) никогаш нема да успеете. Му направивте ужасна работа на моето семејство. Се обидовте да го уништите. Зарем мислите дека жената на мажот со кој сте спиеле не ќе биде очајна кога ќе дознае за измамата? Не ви е гајле? Се разбира дека не, и тоа е она што ве прави страшна личност.
Што не е во ред со вас? Жените треба да се држат заедно, а не да се борат едни со други. Кармата е моќна. Сè ќе биде наплатено (ако не е веќе). Кога се обидувате да го уништите нашето семејство, ништо друго освен зло нема да видите.
Треба да знаете дека ние поминавме низ многу предизвици откако тој ме избра мене наместо вас. Ги читам сите ваши пораки што сте ги размениле. Сите изјави за љубов, во кои тврдите дека сте биле „сродни души“.
Шеснаесет години - јас сум била со мојот сопруг - толку долго. А вие? Осум месеци. Зошто? Бидејќи мислевте дека можете да спиете со оженет човек и да победите, нели? Сигурно не мислевте дека тој ќе биде ваш, нели? Смешени сте.
Знаете што е чудно? Откако тој ве остави, вие продолживте нормално со животот. Но погодете што? Вие немавте сили да се справите со сите предизвици со кои се соочувавме ние. Имавме семејство што требаше повторно да се ојача. Немате претстава колку е тешко да го направите тоа.
Јас сè уште мислам на вас секој ден. Јас не го мразам сопругот повеќе. Горда сум на него. Тој беше совршен модел на улога за некој што направи афера. Имавте право во една работа: тој е човек.
Со ноќи плачев и врескав од болка, заканувајќи се дека ќе заминам, а тој стоеше до мене и се носеше со тоа. Се разбира, имаше денови кога тој не можеше да ја сноси вината. Имаше денови кога тој не мислеше дека ќе може да преживее. Но, погодете што? Тој успеа. И знаете што? Ние се сакаме еден со друг и покрај целиот хаос што го оставивте зад себе.
Се надевам дека знаете дека сте лоша личност. Секој што се обидува да ги киднапира сопругот и таткото од семејството е лоша личност.
Дали можеби и вам ви се случи тоа? Затоа се обидовте да го направите тоа на некој друг? Тоа не е во ред.
Јас не ви направив ништо на вас, ниту јас, ниту моите деца. Ако бевте пред мене сега, ќе ви го кажев ова: го сакам мојот сопруг. Горда сум на него. А вие сте само лош спомен. Успеавме затоа што сме сродни души - вие не сте.
Збогум засекогаш.
- Жената која ве презира“
извор:telegraf.rs