Погледнете како беше на концертот на легендата Влатко Стефановски: Музика која обединува

Концертот на легендата Влатко Стефановски ќе остане запамтен по многу нешта. Прво, неговиот брилијантен талент, вторно неговиот кристално чист ум и трето, неговата музика која обединува- од Вардар па до Триглав- како во старите добри времиња.
Легендарниот гитарист со фантастичен концерт вчера во Филхармонијата прослави 50-годишен јубилеј, а одржа уште еден, ден претходно.
Делириум во салата, се створи нереална атмосвера која ќе се раскажува, а Влатко уште еднаш докажа зошто е најдбоар во она што го работи.
Со одлично распореден репертоар, од најголемите соло хитови на почеток, до гостите во средина, па хитовите на „Леб и сол“ при крајот, Влатко уште еднаш докажа дека наједноставните луѓе се најголемите ѕвезди.
Момчило Бајагиќ- Бајага и кларинетистот Горан Бојчески беа гости на концертот. Концертот го збогати македонскиот музичар Горан Бојчески на кларинет и саксофон, битолчанец кој живе во Словенија. Концертот го организираше „Мјузик тајм“ и менаџерот Томислав Кашљевиќ од Загреб.
Фото: Вангел ТануровскиГалерија:
