Поради бракот со оваа жена целиот свет го осудува: Може внука да му биде а тој е никогаш посреќен

Холивудскиот глумец и режисер Мел Гибсон (69) деновиве е главна тема во регионалната јавност поради неговиот повеќедневен престој во манастирот Хиландар на Света Гора, каде се запозна со православието – дел од подготовките за неговиот нов филм „Воскресение“, чиј почеток на снимање е закажан за септември.
Гибсон, светски познат по улогите во „Побеснелиот Макс“, „Смртоносно оружје“ и оскаровскиот „Храбро срце“, доживеа и пад во кариерата поради скандали, контроверзни изјави и обвинувања за семејно насилство. Сепак, Холивуд никогаш целосно не му ја затвори вратата.
Во приватниот живот, зад себе има брак со Робин Мур со која има седум деца, како и врска со руската пијанистка Оксана Григориева, со која има ќерка. Откако нивната врска заврши бурно, Гибсон сега е во стабилна врска со сценаристката и поранешна шампионка во јавање, Розалинд Рос, која е 34 години помлада од него. Со неа во 2017 ја доби својата деветта дете – синот Ларс.
И покрај минатите турбуленции, Гибсон денес води повлечен живот со Розалинд, чие сценарио „Варварка“ се смета за женска верзија на „Храбро срце“. Тој јавно изјави дека токму со неа ги проживува најсреќните години од својот живот.