Поради ОВОЈ потег на Иванка Трамп сите се прашуваат дали е наивна или сепак многу ИТРА

Поради фотографијата што ќерката на Доналд Трамп ја објави од Венеција, нејзините следбеници се прашуваат – дали е наивна или многу, многу итра?
Иванка Трамп во Венеција
Во Венеција вчера започна тридневната прослава по повод претстојната свадба на милијардерот Џеф Безос и Лорен Санчез, на која присуствуваа бројни славни личности.
Меѓу познатите гости се најде и брачниот пар Иванка Трамп и Џаред Кушнер, ќерката и зетот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кои во Италија пристигнаа со своите три деца: Арабела, Џозеф и Теодор.
Парот, кој во мандатот на Трамп имаше советнички позиции во Белата куќа, изгледаше елегантно, а Иванка на Инстаграм сподели неколку фотографии од луксузниот сместувачки објект.
Шик коктел фустан од 9.000 евра
Иванка уживаше во погледот кон Венеција облечена во скап мини-фустан од брендот Oscar de la Renta, коктел модел со цена од речиси 9.000 евра.
Станува збор за омбре модел во светлорозова и бела боја, украсен со апликации од цветови од цреша, со крој што го истакнува струкот.
– Подготвени сме да ја прославиме љубовта на нашите пријатели – напиша таа.
Иванка објави број на хотелска соба
Но, модниот избор не беше единственото нешто што ја привлече вниманието. Иванка објави и фотографија на која се гледа бројот на апартманот во кој престојуваат.
Ова ги изненади многумина, бидејќи за безбедноста на брачниот пар Кушнер-Трамп се грижат тајните служби. Следбениците се прашуваат – дали Иванка тоа го направила намерно, можеби лажирала локација за да збуни потенцијални следачи?
Извор: Esspreso.rs