Пораката од една баба која го расплака светот: Девојки ѝ се извинија за вревата, а нејзиниот одговор ги остави во чудо
Девојки кои правеле забава ѝ се извиниле на бабата од соседниот стан за вревата, а одговорот што го добиле ги остави без зборови, нив и цел свет.
Девојката која го прославувала својот 21 роденден оставила порака во која се извинила на својата сосетка, баба, за вревата.
„Оставивме порака до сосетката во која се извинуваме ако сме премногу гласни. Воопшто не се надевавме на одговорот што го добивме", напиша оваа девојка на Редит, и објави фотографија од одговорот на бабата.
„Ве молам, никогаш не се извинувајте за вревата. За мене тоа не е бучава, туку мелем за ушите. Имам четири прекрасни ќерки и три одлични синови кои пораснаа и заминаа. Со оглед на тоа дека хибернирам дома веќе долго, вие сте ми мелем. Не сум навикната да живеам сама. Мојот сопруг, со кого бев во брак 45 години, почина пред три години. Се сомневам дека некогаш ќе се навикнам да живеам сама", напишала повозрасната госпоѓа.
Таа им се извинила на девојките за брборењето и им се заблагодарила што ја расположиле.
„Ги сакам вашата смеа и врева! Ме потсетуваат на годините кога бевме дома со децата, среќни и опкружени со смеа. Ми недостасуваат тие години и мило ми е што слушам дека некој се забавува.Едвај чекам животот да се врати во нормала, да ги видам децата и внуците, повторно да бидат дел од мојот живот. Ми вративте насмевка на лицето, само продолжете да се забавувате. Се надевам дека имавте добра забава, среќен 21 -ви роденден Кети“, им напишала таа.
Одговорот на оваа баба привлече многу коментари, а и расплака многумина, препознавајќи ја осаменоста, но и добрината на оваа баба.
„Прекрасна и позитивна жена, се надевам дека некогаш ќе ја поканите на гости или ќе ѝ однесете парче торта по прославата“, е еден од коментарите што се истакна.
извор:mondo.rs