После многу години се собра целото семејство на Лепа Брена: Братот на пејачката го ожени синот, еве како си поминаа на свадба (ФОТО)

Брена и Фарук живеат во Белград, додека нивната сестра Фара, домот го пронајде странство...
Родениот брат на пејачката Лепа Брена, Фарук Јахиќ, вчера го ожени синот Един, кој го изговори судбоносното „да“ на долгогодишната девојка Маја.
Овој настан го собра целото семејство после многу години.
Имено, Брена и Фарук живеат во Белград, додека нивната сестра Фара, домот го пронајде во странство.
Пејачката заедно со сестрата и нејзината ќерка Мајда тргнала кон ресторанот каде ќе се одржува свадбата, а трите русокоси го забележаа тој момент со неколку селфиња, на кои не ги тргаа насмевките од лицето.
И додека пејачката за венчавката одбра бел костим, кој ѝ стои совршено, нејзината сестра се определи за долг фустан во виолетова боја.
Многумина коментираат дека Брена и нејзината сестра си личат, а посебно внимание привлече нејзината внука, која навистина потсетува на нив две.
Веднаш по доаѓањето во ресторанот, Брена на Инстаграм објави видео од првиот танц на младенците.
фото: Принтскрин / Инстаграм