Познат психолог советува што да направите кога ви е тешко: Ќe го промените вашиот живот од корен
Фото насловна: Shuterstock
Животот е промена на добрите и лошите моменти.
Невозможно е да се избега од тешките моменти, но можеме да ги олесниме. Кога се
чини дека нема излез, најпаметно е да го слушате советот на овој психолог
Падовите се составен дел од животот, без нив не би можеле да ги цениме успесите. Колку и да се лоши, пожелни се да нè охрабрат да бидеме подобри и поуспешни секој ден.
Психологот Виктор Франкл разви метод кој ни помага што побрзо да излеземе од такви ситуации.
Еве што точно да направите:
„Запрашајте се што животот очекува од нас во овој момент, наместо да се прашувате зошто ви се случила ваква ситуација“.
За време на неговиот престој во нацистичкиот логор, тој бил сведок на фактот дека луѓето можат да најдат значење во сè, дури и додека доживуваат големи страдања. Тој искуството го примени на создавање на свој метод на психотерапија.
Затоа, добро запомнете го овој метод и користете го кога ќе ви се чини дека целиот свет се свртел против вас:
Јас наоѓам значење во ...
Додека ги кажувате овие зборови, обидете се да пронајдете нешто позитивно во вашата ситуација и кажете го значењето на она што сте го нашле или гласно или во вашиот ум.
Без оглед колку е тежок сегашниот момент, секогаш има барем зрно нешто убаво, а на вас останува да се фокусирате на таа многу позитивна страна.
Запрашајте се: Зошто животот ме принудува да ги поминувам сите овие искушенија?
Животот понекогаш очекува да страдаме, но секогаш стои причина зад тоа. Кога ќе сфатите дека не страдате залудно, ќе биде многу полесно да издржите сè.
Наоѓањето на значењето е често првиот чекор во процесот на лекување. Овој чекор покажува дека можете да ја надминете тешката животна ситуација. Се разбира, болката нема да исчезне веднаш, но ќе ви даде чувство на удобност и мир, дури и за кратко време.
Можеби ќе ве интересира:
Психологот советува: Како да се отвори вашето дете и да ви каже дали доживеало некаков вид насилство!