Позната блогерка се породи на подот од нејзината куќа: Сподели интимни фотографии направени веднаш по раѓањето

Добивај вести на Viber

Емили Скај, личен тренер со два и пол милиони следбеници на Инстаграм, сподели интимни фотографии направени веднаш по пораѓањето.

Таа е фотографирана како лежи на подот, доејќи го нејзиниот штотуку донесен на свет син, додека медицинските работници се околу неа.

Ѕвездата на Инстаграм се одлучи за необичен чин - фотографирање веднаш по породувањето.

Само еден ден порано, таа објави фотка на која го покажа големото стомаче.

„Па, ова беше неочекувано. Малиот Исак едноставно не можеше да чека да дојде на свет. Наскоро со вас ќе ја споделам приказната за раѓањето. Подгответе се, прилично е луда приказна“, напиша таа под фотографиите.

35-годишната инфлуенсерка и нејзиниот сопруг веќе имаат двегодишна ќерка, Мија Елиза.
Галерија:
фото:instagram/emilyskyefit