Познатата Есмералда хоспитализирана поради корона вирус: Се огласи од болница

Добивај вести на Viber

„Неколку други членови на моето семејство се заразени и затоа ве замолувам да не спомнете во вашите молитви“

 Мексиканската актерка Летиција Калдерон, која ја играше познатата „Есмералда“, на Твитер објави дека боледува од ковид-19 и дека е во болница.

- Јас сум во болница и сум опкружена со прекрасен тим од медицински персонал кој се грижи за мене. Сега е потребно време и трпеливост да се лекува. Ви благодариме на сите пораки за поддршка - напиша Летиција.


 Актерката која ја глумеше познатата Есмералда во истоимената сапуница, која кај нас беше многу популарна пред неколку децении, на својот профил напиша:

- Оваа година не започна како што очекував и се заразени уште неколку членови на моето семејство и затоа ве замолувам да не спомнете во вашите молитви.


Актерката истакна дека од почетокот се придржувала на епидемиолошките мерки, но и дека единствено таа од членовите на нејзиното семејство била хоспитализирана. 


Фото: Youtube printscreen/ Mary Mardorre /Youtube printscreen/ Las Estrellas

Можеби ќе ве интересира:

ИСПОВЕД НА СЛАВНАТА ЕСМЕРАЛДА: Зависноста и болеста на синот го променија мојот живот!