Православен свештеник советува: Ако сте во финансиска криза сетете се на овие зборови

Во време кога парите стануваат мерка за вредноста на човекот, а трката по материјалното секојдневие, сè повеќе луѓе забораваат на силата на молитвата, духовниот мир и внатрешната стабилност.
Иако повеќето од нас имаат доволно за нормален живот, општествениот притисок создава чувство на помала вредност – затоа што немаме скапи автомобили, брендирана облека или не патуваме на луксузни дестинации. Под влијание на рекламите и конзумеризмот, лесно се губиме во површните критериуми.
Православниот свештеник Александар Прашчевиќ во неколку реченици ја пренесува суштината:
„Во овој потрошувачки свет, ако некогаш помислиш дека вредиш помалку затоа што немаш пари за патувања, гардероба или скапи нешта – запомни: твојата вистинска вредност е во она што го носиш во себе – вера, надеж и љубов. Тоа не се купува – тоа си ти.“
Тој потсетува дека вистинската вредност се зголемува кога ѝ помагаме на другите – преку добрина, љубов и сочувство.
„Немој никогаш да се намалуваш за да се вклопиш во свет што не те гледа. Кога ќе успееш, а ќе успееш – заокружи ја својата вредност така што ќе им помогнеш и на другите. Ти вредиш, дури и кога другите тоа не го гледаат – Бог секогаш гледа.“
Во Евангелието според Матеј, Исус вели:
„Не грижете се за тоа што ќе јадете, пиете или носите. Зар не е животот поважен од храната, а телото од облеката? Погледнете ги птиците – не сеат, не жнеат, а Бог ги храни. Колку повеќе вие вредите? Побарајте го најнапред Божјото царство и сè друго ќе ви биде додадено.“
Извор: Мондо