Животна училница // Приказни
„ПРЕСТОЛНИНАТА НА ЗАБАВИТЕ“ ГО УКИНА ДАНОКОТ ЗА АЛКOХОЛ: Дубаи станува се полиберален

Дубаи го укина данокот за алкохол од 30 отсто и повеќе не наплаќа за лиценци за алкохол, кои се потребни за секој што има намера да пие алкохол.
Ова е само продолжување на трендот на олеснување на законот, откако беше дозволена продажба на алкохол во Дубаи за време на Рамазан, а неговата испорака до домашните адреси беше одобрена за време на пандемијата, наведува BBC.
Оваа законска измена веројатно е резултат на обидот на власта градот да го направи поатрактивен за странците, односно да го поттикне туризмот. Две компании кои се занимаваат со дистрибуција на алкохол во Дубаи, Maritime and Mercantile International (MMI) и African & Eastern, тврдат дека укинувањето на данокот ќе се почувствува на цените за потрошувачите.