Пријовиќ заплака среде емисија во живо: Филип направи нешто што целосно ја сруши

Популарната пејачка Александра Пријовиќ постојано го привлекува вниманието на јавноста.
Вчера, Александра, миленичка на многумина, беше гостинка во популарна српска емисија каде што беше целосно разоткриен нејзиниот однос со сопругот Филип Живоиновиќ.
На социјалните мрежи може да се види дека тие двајца живеат во хармоничен брак веќе две години, а сега Филип направи нешто што целосно ја сруши и ја натера Александра да заплаче.
Домаќините на шоуто, подготвија вистинско изненадување за Александра, па објавија видеа од нивната прекрасна свадба, проследено со интервју со Филип.
Тој зборуваше за нивниот брак, како и за неа, и сè што можеше да се слушне беа пофални зборови.
- Александра е прекрасна жена, прекрасна сопруга, пријател, мајка... Таа е најсреќна кога е со нашиот син и јас сум пресреќна поради тоа - рече Филип и откри дека сака да го прошири семејството, и дека би сакал девојче.
Неговите зборови ја допреа Александра, која реагираше многу емотивно, и заплака во емисијата во живо. Таа рече дека Филип многу ретко се согласува да дава интервјуа и е пресреќна што прифатил да зборува токму на тема поврзана со неа и нивната љубов.
фото/извор: Rajko Ristić/Alo!