Принцот Хари конечно ќе пристигне во Лондон, но без сопругата и синот: Зошто

Добивај вести на Viber

Фото насловна: Profimedia

Принцот Хари пристигнува во Лондон, но Меган Маркл не доаѓа со него, ниту малиот Арчи, и тоа само поради една причина

Според потврдите од повеќе различни извори, на почетокот на ова лето, принцот Хари треба конечно да го посети своето семејство во Лондон, а се поверојатно е дека неговата сопруга Меган Маркл нема да му се придружи на тоа патување, како и нивниот син, малиот Арчи, чии членови на семјството на Хари, последен пат го виделе кога имал само шест месеци.

Ако сè се одвива според планот, Хари треба да го види своето семејство ова лето, за прв пат откако ја напушти Велика Британија. Иако плановите не се целосно финализирани, а сè во голема мера зависи од понатамошниот развој на пандемијата, што подразбира ограничувања на патувањата, се вели дека принцот Хари (36) ќе оди сам во Лондон.


Иако може да се претпостави дека Меган Маркл не сака да го посетува семејството на нејзиниот сопруг од приватни причини, наводно причината е што нејзиното доаѓање може да доведе до непотребна  драма, односно за да не ги засени главните настани .

Парот инаку, се очекуваше на главните настани во јуни, кои вклучуваат „Trooping the Colour“, но исто така и прославата на 100-от роденден на принцот Филип и 95-от роденден на кралицата Елизабета Втора, како и откривањето на новиот статут на принцезата Дајана во јули во палатата Кенсингтон.

Свесна за тоа како сето ова може да предизвика вистинска медиумска бура, што ќе го сврти вниманието од други работи, Меган и Хари сè уште размислуваат дали е потребно и таа да биде присутна во Велика Британија.

„Сè е сè уште неизвесно, најмногу заради непредвидливата состојба со ковид, но се претпоставува дека војводата треба да тргне самостојно. Тоа е нивна лична одлука, што е многу добра кога ќе ја погледнете целата ситуација “, рече еден извор, додека друг додаде:

„ Нејзиното височество јасно стави до знаење дека Хари и Меган се‘ уште се сакани членови на нејзиното семејство и дека се повеќе од добредојдени на семејни настани. Но, од друга страна, оладената врска помеѓу Хари и одредени членови на семејството, особено со неговиот брат, е нешто што бара многу напор. Никој не сака да се повтори мисата за Комонвелтот“.

Така, изворот всушност се осврна на последното официјално појавување на семејството Сасекс во Вестминстер минатиот март, кога Хари и Вилијам едвај се погледнаа.

Хари, Меган и Арчи го започнаа својот одделен живот од кралското семејство во декември 2019 година, најпрво во Канада, а потоа се населија во Калифорнија. Оттогаш, членовите на кралското семејство немаа можност да го видат малиот Арчи, кој во мај ќе наполни две години.


„Хари сака да биде во Лондон за родендените на кралицата и принцот Филип, но се чини дека ќе пристигне сам. Тие се свесни дека ако Меган сака да дојде, нејзиното појавување во Лондон ќе ги засени сите настани. Луѓето би направиле непотребна драма од сè“, тврди извозот близок до семејството.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Што ѝ вети принцот Вилијам на Кејт пред бракот: Досега не го прекрши