Радост без крај: За еден ден во Кавадарци се родија 11 бебиња!

Одделот за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница Кавадарци деновиве е вистинска оаза на радост и нови почетоци. За само еден ден, на свет пристигнаа 10 новороденчиња, а потоа пристигна и уште едно бебе – вкупно 11 мали чуда, симбол на надеж и љубов.
Медицинскиот персонал со голема гордост ги пречека мајките и нивните бебиња, нагласувајќи дека секое ново раѓање носи посебна светлина и радост.
„Секоја мајка е пример за храброст и сила, а секое бебе е нова иднина,“ велат од болницата.
Сцените од одделот, со шарени бебешки завиткувања и насмевки на лицата на лекарите и сестрите, ја доловуваат вистинската убавина на животот. Во Кавадарци, 10+1 формула денес значеше – 11 срца повеќе што ќе ја носат иднината.
РЖМ/ИС - Фото - ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци