Рале, партнерот на Ана Николиќ пресече: Свадба нема да има!

Добивај вести на Viber

Композиторот Горан Рале Ратковиќ и пејачката Ана Николиќ се откажаа од планирањето на нивната венчавка

Моментално ќе се фокусираат на работата на нејзиниот албум.

Имено, Ана Николиќ и Горан Ратковиќ Рале пред нешто повеќе од еден месец открија дека судбоносното „ДА“ ќе го кажат на Видовден, 28-ми јуни и дека се‘ уште ги немаат утврдено сите детали поврзани со венчавката и медениот месец.

Сепак, Рале откри дека се‘ уште не ги знаат деталите и дека воопшто не се вклучени во нивната венчавка.

- Ма каква свадба сега? Не се занимаваме со тоа, немаме време. Ние веќе не сме фокусирани на тоа, нашиот фокус е Ана да почне да гостува и да работи. Тоа е приоритет, рече тој.

Изминатиов период пејачката Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ Ралет внимателно се следени од медиумите, и беа уловени како разменуваат нежности пред соседите. Ана и Рале проговорија за својата венчавка, но и за љубовните проблеми во емисијата Сцена која се емитува на Телевизија Блиц.

Рале ја најави венчавката, но Ана се пожали дека не го добила прстенот.

- Зборуваше за свадбата, ништо не кажав. Немам прстен, Рале, огласи се! Кога има прстен, ќе го видите, мора да се забележи! Рале нас не не‘ запросил, мене и моите личности во мојата глава, не. Мислам дека се спрема да ме запроси, верувам, изјави Ана во споменатата емисија.


Фото: Youtube - screenshoot