Рано останала без мајка, има два пропаднати брака, а го победи и ракот: Животната приказна на Тереза Кесовија

Тереза Кесовија е хрватска пејачка на шансони и песни во стилот на медитеранската музика...
Тереза Кесовија е родена на 3 октомври 1938 година во Конавле, село во Дубровник, каде што пораснала заедно со нејзиниот татко Антун, маќеата Јела и братот Перо.
Биле сиромашни, но пејачката со среќа се потсетува на тој период, пишува biografija.org.
Мајка ѝ починала кога имала само еден месец, а татко ѝ се оженил со вдовица која не можела да има деца. Затоа својата љубов им ја подарила на Тереза и нејзиниот брат.
Кога имала седум години, станала член на хорот на радио станицата Дубровник и така ја засакала музиката. Сакала да посетува музичко училиште, но мајката ѝ инсистирала да научи занает поради што напоредно одела и во стручно училиште.
Истото го напуштила по еден месец, бидејќи мразела математика. Завршила Средно музичко училиште, на смерот флејта. Тој инструмент бил многу скап, па таткото на Тереза морал да продаде свиња за да ѝ го купи.
Во 1958 година во Љубљана победила на натпреварот на кој учествувале млади музичари од цела Југославија. Со часови вежбала на својата флејта и била уплашена, бидејќи првпат во животот го напуштила саканиот Дубровник. Во Загреб се запишала на Музичката академија и свирела во симфонискиот оркестар на Радио Загреб. Дипломирала на смерот за флејта.
Првиот поголем настап го имала во 1961 година во Загреб. Соработувала со Зденка Руњиќ, Арсен Дедиќ, Кемал Монтено итн. Во 1965 година започнала да настапува во Франција, а една од првите песни кои ги извела е „Ларина песма“ од филмот „Доктор Живаго“.
Тринаесет години подоцна одржла солистички концерт во париската Олимпија, кој може да се смета за еден од најважните настани во нејзината кариера. Иако била многу популарна во Југославија, се одлучила за чекор кој носи ризик и заминала во нова средина. Почеток ѝ бил многу тежок, бидејќи заминала без синот и сопругот и не го знаела францускиот јазик.
Дури кога собрала малку пари, ги повикала тетка ѝ и синот да ѝ се придружат.
Избрана е да го претставува Монако на Евровизија, но не освоила ниту еден поен и била на последното место. Тереза е добитничка на Златни повелби на хуманизмот и настапила на концертите на УНИЦЕФ. Освен на хрватски, своите песни ги пеела на уште осум светски јазици: словенски, италијански, француски, руски, англиски, германски, шански и португалски. Се има запознаено и со големи ѕвезди како што Чарли Чаплин, Ричард Бартон, итн.
Приватен живот
Пејачката зад себе има два брака и два разводи. Првиот со пејачот Миро Унгар кој го смета за добар човек, а другиот со Роналд Лопатни за кој вели дека сака да се одмаздува и дека му било драго кога останала на улица. Тврди дека таа глумела маж и дека нејзините мажи биле загрижени. Двата пати заминала кога сфатила дека повеќе нема љубов. Во 1963 година го родила синот Алан.
Ги обожува неговата сопруга Љиљана и ќерка Мила. Никогаш не се мешала во животот на нејзиниот син и снаа, бидејќи имало премногу во нејзините бракови.
Пејачката во 2010 година ја објави својата автобиографија во која ги опиша своите најтешки моменти во својот живот. Еден од нив е војната во која нејзината куќа била запалена. Се чувствувала протерана од Дубровник и сметала дека луѓето на нејзината љубов возвраќале со омраза. Вториот момент е кога дознала дека нејзиниот брат починал во сообраќајна несреќа. Тереза преживеала и рак на бубрезите, неколку операции на гласните жици и на ушите.
Никогаш не ја сакала естетската хирургија, па и никогаш не била на некоја таква операција.
Бидејќи преживеала многу тешки моменти во животот, музиката ѝ помогнала да продолжи понатаму, па затоа без неа не може да си го замисли животот.