Животна училница // Приказни
Малиот наследник на Лозано во прегратка на тета Маре: Роденденската честитка која ги стопи срцата

Марија Лозаноска, сестрата на македонската музичка ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано, објави роденденска честитка која не само што привлече внимание, туку и разнежи многумина на социјалните мрежи.
На фотографијата, Марија го држи во прегратка нејзиниот внук – синчето на Лозано, и во описот напиша:
-„Среќен роденден, тато. Јас и тете Маре ти посакуваме мноооогу радост, да пееш уште поубави песни и да останеш креативен и добар каков што си. Тета за првпат остана без зборови, па јас ѝ диктирав. Многу те сакаат двајцата Мариња!“
Иако Влатко Лозаноски важи за личност која строго го чува својот приватен живот, јавноста неодамна дозна дека станал татко. Сепак, ова е првпат неговото синче да биде дел од јавна објава – и тоа преку емотивна честитка од неговата сестра.
Објавата предизвика лавина реакции – честитки, срца и коментари со поддршка и љубов. Фановите се согласија во едно: Лозано е не само врвен уметник, туку и исполнет човек кој сигурно ќе продолжи да нè изненадува со уште поголема инспирација.