На 47 години има стомачни мускули и ниту грам целулит: Весна Ѓогани во костим за капење покажа дека годините не ѝ можат ништо

Добивај вести на Viber

Весна Ѓогани (47), и покрај тоа што гази во петтата деценија, сè уште ја носи титулата една од најубавите пејачки во Србија.

Весна сега повторно потврди зошто го доби тој епитет кога објави фотографии од плажа на својот Инстаграм профил.

Пејачката прво позираше во тигрест костим за капење, а градите ги стави во преден план, па коментарите се редеа на фотографијата.

По тие жешки фотографии, Весна објави фотографија каде што го гледаме нејзиното затегнато тело и стомачни мускули, кои се резултат на напорни тренинзи што таа никогаш не ги прескокнува.

Весна за нејзиниот брак со Ѓоле

Весна претходно изјави дека таа и нејзиниот сопруг, Ѓоле Ѓогани, го одржуваат својот петнаесетгодишен брак.

- Ако му верував пред петнаесет години, тоа не значи дека е засекогаш. Важно ми е кога ќе го видам, да знам колку е часот, дали му е грижа за мене или не, како и тој за мене. Не си гледаме телефони еден на друг, тоа не постои за нас, но секој има слобода да излегува каде што сака, сè ми е нормално. Навистина имам доверба во него. Што се однесува до изгледот, се обидувам да го стигнам затоа што е навистина секси, секси, секси - истакна Весна тогаш.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs