Штом го погребав сопругот, им реков на децата – сместете ме во дом: Јас не сум од оние себични мајки што ќе им го отежнува животот

Добивај вести на Viber

Губењето на сакана личност е една од најтешките животни болки. Таа болка не исчезнува, туку со време учиме да ја носиме. 

Мерион Бетон (81), вдовица од Велика Британија, е една од милионите жени што се соочуваат со осаменост, но одлучила да не ѝ се потчини.

„Се вратив дома по убав ден со мојот внук Феликс. Бев уморна, но среќна. Сепак, кога останав сама, тишината почна да ме гуши. Ми недостасува мојот Хари, со кого поминав преку 50 години. Како човек на кој му е ампутирана рака, а сè уште ја чувствува – така и јас го чувствувам Хари покрај себе“, раскажува таа.

Наместо да се жали на осаменоста, Мерион ја претвора во време за размислување.

 „Секогаш кога сум сама, земам добра книга. Сега ја користам осаменоста за внатрешен мир и благодарност“, вели писателката.

Мерион верува дека сите имаме сила во себе да ја победиме осаменоста. „Не сакам да бидам стереотипна старица. Имав исполнет живот и така се чувствувам и денес. Да, изгледам постаро, но сè уште сум човек.“

Свесна дека е блиску до крајот, таа го избрала старечкиот дом во кој ќе се пресели кога ќе дојде време, без да биде товар на блиските. „Сакам достоинствен крај – да ме паметат како што сум, а не како беспомошна личност.“


Иако осаменоста има сериозни последици – според некои, исто како пушењето – Мерион смета дека е подобро да се подготвиме за неа и да ја прифатиме.

„Живеам сама откако Хари почина. Но уште како млада жена се подготвував за овој момент. Свесно вежбав самостојност: шетање, јадење и носење одлуки без другите. Идентификував што ми предизвикува осаменост – гледањето телевизија, на пример. Наместо тоа, читам поезија или се дружам со позитивни луѓе.“

Таа заклучува: „Животот е дар што полека го напуштаме. Да ѝ дозволиш на осаменоста да те совлада, во било која животна фаза, е вистинско злосторство.

Извор: still.kurir