Марија Шерифовиќ како дете: Не сум се променила воопшто

Поп-sвездата Марија Шерифовиќ се потсети како изгледала како дете. Шерифовиќ покрај фотографијата од периодот кога таа била дете, напиша и порака со која откри интересни детали за себе.
- Јас воопшто не сум се променила. И денес по ист начин седам, исто така се нервирам кога некој сака да ме слика, сеуште ми се допаѓа само дрвото јапонска цреша, исто така сум тврдоглава, и денес сакам шорцеви, маици и патики. Хм, можеби би можела да ги правам некои работи поинаку, можеби би можела да избегнам некои луѓе, можеби понекогаш можеше да биде малку помудри, можеби можев да бидам помалку ѓубре кон некои луѓе, можеби можев да бидам малку поголемо ѓубре кон други луѓе, можеби. Меѓутоа, кога ќе додавам и одземам се, задоволна сум од тоа во каква личност сум пораснала и секако вежбам секој ден да бидам уште подобара. Мини Ме - напиша Марија на својот Инстаграм профил, а под нејзиниот пост таа доби коментари за поддршка.
Помина 300 километри и ѝ ја исполни желбата: Шерифовиќ се запозна со шампионката во џудо