Ретка фотографија: Сашко Коцев со сопругата Смиљана на премиера во МНТ

Добивај вести на Viber

Тој е поим за насмевка, што и да изусти ќе ве насмее. Сашко Коцев е најпознатиот и можеби најбараниот стен-ап комичар и актер во земјава. Зад себе има голем број на претстави, настани, улоги во наши македонски филмови, но и во Балкански. 

Но ретко актерот јавно споделува дел од приватниот живот, па вчеравечер горд на својата убава сопруга Смилјана со која е во брак повеќе од 12 години откри дека заедно биле на премиера во МНТ. Овој пат тој како гледач на претстава.


За таа прилика Смилјана носи црна елегантна маица, надополнета со црна марама, а Коцев се одлучил за бела кошула и шик карирано сако.

Насмевката на Сашко навестува дека парот кој ја има ќерката Јоана, поминал убаво квалитетно време во Македонскиот Народен театар.


Фото: Фејсбук/Женски магазин - Вангел Тануровски