Ретко го гледаме во јавност: Ова е помладиот брат на Андрија Милошевиќ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Андрија е еден од најпознатите српски актери, а ретко кој знае дека има брат кој неодоливо потсетува на него

Познатиот актер и комичар, Андрија Милошевиќ е во брак со актерката Александра Томиќ, која често ја гледаме во јавноста. Андрија ужива во снимањето на кратки видео клипови со неа, а благодарение на тоа има голем број следбеници на Инстаграм и другите социјални мрежи.

Она што ретко кој знае е дека Андрија има помлад брат по име Велибор, кој ретко се појавува со него во јавноста. Меѓутоа, во една прилика Андрија сподели фотографија со него на својот Инстаграм профил, а од неа сите можеа да заклучат дека тие двајца многу личат еден на друг.

View this post on Instagram

A post shared by andrijamilosevic_official (@andrijamilosevic_official)


Велибор Милошевиќ е дипломиран економист кој неколку години се занимава со производство. Работи во театарот во Подгорица, а со брат му работеше на неколку заеднички проекти.

Да потсетиме, Андрија и Александра неодамна станаа родители, а додека мама се посвети на растењето на бебето, Андрија неуморно работи, а најмногу ужива во претставите што ги игра во театарот.

Извор: glossy.espreso.co.rs

*Наркоманска навика е прејадувањето: Диетата со која Андрија Милошевиќ ослабна 20 килограми