Рис Витерспун го пие овој пијалак секое утро осум години: Тврди дека е нејзин еликсир на здравјето и изгледот!

Актерката се колне во рецептот за пијалак што го доби од Кери Вашингтон, за кој тврди дека е главниот „виновник“ за
нејзиното добро здравје, фитнес и изглед.
Рис Витерспун (44) се пофали на Инстаграм дека веќе осум години го користи истиот рецепт за пијалак со кој го започнува секој ден и дека тој ја прави да се чувствува полна со енергија, витална и прави чуда за нејзиното здравје.
Многу луѓе се обидуваат да ја пронајдат идеалната комбинација за појадок, која е здрава, а во исто време може да го замени и конвенционалниот појадок - во смисла дека им дава еднакви хранливи материи.
„Ова е пијалакот што го пијам секое утро осум години“, открива актерката во своето видео на Инстаграм.
Овој пијалок е многу богат со растителни влакна, а првично го осмислила една од најпознатите нутриционистки од Лос Анџелес - Кимберли Шнајдер.
Рецептот е за две лица и вклучува зелена салата, половина чаша спанаќ, половина чаша кокосова вода, една банана, една круша, едно јаболко и еден излупен лимон заедно со семето.
Актерката додаде дека, како и со сите пијалаци, можете да бидете креативни и да додавате состојки по желба, „сè додека бојата остане зелена“.
„Јас често додавам целер, бадеми, овесна каша или лажичка протеин во прав во рецептот, во зависност од тоа колку време сакам да бидам сита наутро“, додаде Рис.
„Знам дека изгледа страшно, но верувајте ми - одлично е“, заклучи актерката.
Погледнете и направете го и вие пијалакот за кој Рис тврди дека е нејзин еликсир на здравјето: