Родила бебе кое се раѓа еднаш во 625 милиони случаи: Никогаш не отишла на лекар, а потоа следел вистински шок и борба (ВИДЕО)

Во 2017-та година во Сибир е забележан неверојатен случај на ектопична бременост, која речиси секогаш завршува со индуциран абортус, но овој пат бебето успеало да преживее
Украинска бегалка од провинцијата Донбас (31) успеала да ја носи бременоста без воопшто да оди на преглед на лекар.
Бебето е добро и го добило името Вероника, а името значи „онаа што носи победа“, име што девојчето целосно го заслужило, бидејќи само едно од 625 милиони бебиња успева да преживее абдоминална бременост.
Повеќето ектопични бремености настануваат со вештачко оплодување, но ова бебе е зачнато по природен пат. Се развило надвор од матката, а таквата бременост обично завршува со спонтан абортус.
Често се случува жените да мораат хируршки да отстранат дел од репродуктивниот орган, обично јајниците или фалопиевите туби, заедно со фетусот.
Досега заедно со малата Вероника во светот се забележани само 12 вакви случаи.
Мајката и таткото решиле таа да не се породи во болница. Бидејќи целата бременост била во ред, тие го чекале породувањето дома. На почетокот сè одело како што треба, чувствувала посилни и почести контракции, се подготвувала за породување, а потоа наеднаш престанале контракциите.
Решиле итно да одат во болница каде тим од дури 10 лекари ја оперирале. Операцијата била сложена и многу ризична. Но, двете заедно препродиле сè.
- Сфативме дека операцијата е успешна кога бебето почна да плаче - изјави д-р Марат Зазиев, еден од лекарите кои ја породуваа. И мајката и ќерката сега се живи и здрави. Според руските медиуми, лекарите сега ја истражуваат причината за природно зачнатата бременост која доведе до развој на бебето надвор од матката, а нејзиниот случај ќе продолжи да се дискутира во научните и медицинските кругови.