Сè уште се раскажува како ја напуштиле сопствената свадба: Еве зошто Цеца и Жељко Ражнатовиќ ја напуштиле салата

фото:YOUTUBE PRINTSCREEN
Еден детаљ од нивната прослава и денес се раскажува...
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и понатаму во најубаво светло ја споменува својата најголема љубов Жељко Ражнатовиќ Аркан, чие име го наследи нејзиниот внук.
Жељко и Светлана го кажаа судбоносното „ДА“ во хотелот Интерконтинентал, а покрај добрата забава гостите посебно ќе паметат еден момент. Имено, двајцата во еден момент ја прекинале забавата и ја напуштиле салата.
Потоа Аркан им објаснил на гостите за што се работи.
- Почитувани гости, во име на мојата сопруга и мене, ви благодарам и ни беше голема чест што бевте на нашата животна прослава, на нашата свадба и прослава. Како што знаете, обичаите налагаат младенците прво да излезат бидејќи имаме уште многу работа! Ви благодарам на сите – рекол тогаш Аркан, а потоа гостите со аплаузи и песна на оркестарот ги придружувале младенците до излезот од хотелот, каде со џипови отишле до нивниот дом.
извор:GLOSSY