Само 10 дена по ненамерното убиство Алек Болдвин со децата позира за Ноќта на вештерките: Јавноста ги осуди, но добија и поддршка
Алек и Хиларија
Болдвин ја прославија Ноќта на вештерките со своите шест деца позирајќи во
забавни костими
Хиларија објави фотографии на својот Инстаграм профил на кои опиша колку е „интензивно“ родителството. Таа доби позитивни коментари и поддршка од други познати личности, но се соочи и со реакции од јавноста.
Фотографиите од Ноќта на вештерките беа споделени само неколку часа откако Лос Анџелес Тајмс објави извештај во кој се наведува дека три други несреќни пукања се случиле на сетот „Rust“. Едно наводно пукање го вклучувало каскадерот на Алек кој пукал во празно откако му било кажано дека пиштолот е „ладен“. Во друг пример, работничка од одделот за реквизити „всушност се застрелала во стапалото“.
Извештајот беше објавен еден ден откако Алек и Хиларија одржаа импровизирана прес-конференција за смртта на кинематограферката на „Rust“, Халина Хачинс. Хиларија го прекина Алек неколку пати за време на пресот, што ги натера корисниците на социјалните мрежи да ја наречат како „очајна за внимание“.
Сопругата на Алек Болдвин, Хиларија, се најде под лупа затоа што објави забавна фотографија од Ноќта на вештерките на Инстаграм на која го прославува празникот со нивните шест деца, само 10 дена по смртта на Халина Хачин на сетот на филмот „Rust“.
Таа се соочи со бурни реакции на социјалните мрежи по објавата на која опиша колку е „интензивно“ родителството додека се справувала со самата јавна ситуација околу трагедијата во која е вклучен нејзиниот сопруг.
Нејзината објава беше критикувана како „несоодветна и невкусна“ поради објавувањето на празничните снимки додека деветгодишниот син на Халина Хачин ќе ја дочека својата прва Ноќ на вештерките без неговата мајка.
„Родителството преку ова беше интензивно искуство, во најмала рака“, напиша Хиларија (37) на Инстаграм.
Хиларија ја објави колекцијата фотографии на својот Инстаграм на која ги промовираше празничните прослави на нивното семејство. Актерот и неговата сопруга се соочија со бурни реакции на Твитер, еден корисник, Ли Дејли, напиша: „@AlecBaldwin дали твојата сопруга навистина објави фотографии од Ноќта на вештерките на Инстаграм! Толку несоодветно и тоа не е ок!“
Друг корисник на социјалните мрежи истакна дека малиот син на Халина, Андрос, сè уште ќе биде во жалост за неговата мајка, велејќи: „Децата на Болдвин апсолутно треба да уживаат во Ноќта на вештерките. Оваа година, сепак, #hilariabaldwin требаше да ги задржи нивните свечености надвор од социјалните мрежи. Синот на Халина не можеше да ужива во овој празник. Прослави без објавување, Хилари. Тоа е буквално најмалку што можете да направите.“
Сепак, неколку познати личности коментираа на објавата, изразувајќи ја својата љубов кон семејството Болдвин и ги поддржаа.
„Господи!!! Не можам ни да го замислам хаосот! Но вие двајца добро работите. Подарувајќи им одлично детство“, напиша актерката Лесли Џордан.
„Ох, го сакам сево ова!!!!“ изјави новинарката Џоел Гаргило.
„Останете силни…“, повтори актерот и професионален готвач Дејвид Буртка.
Фото: Инстаграм/Хиларија Болдвин
Извор: Дејлимеил
Моментот пред смртта на снимателката која Алек Болдвин ја уби случајно: Последната фотографија од сетот