Sara Fashion со учество во акција „Биди хуман, сподели радост, израдувај непознато дете!“

Модниот македонски бренд Сара Фешн овие денови е дел од големата акција “Биди хуман, сподели радост, израдувај непознато дете!
Акцијата е организирана од страна на Весна Константинова која е авторка на илустрираните книги за деца со Рисот Ристе, со забавна и едукативна содржина, наменети за најмладите, односно за децата од 3 до 10 години.Поради интересниот концепт, акцијата уште во самиот почеток доби поддршка од Сузана Турунџиева, Атиџе Муратовска и книготеката “Икона”, а потоа кон истата се приклучија и многу други лица, поединци, но и претпријатија.
Според зборовите на авторката, оваа акција е организирана со цел да се соберат книги кои подоцна ќе се подарат на децата од ранливите категории, за да ги изненадат, па макар и на кратко да ја вратат насмевката на нивните лица.
„Јас од лично искуство знам дека поголема болка од болно детенце нема, и затоа што искрено сочувствувам со дечињата, а и со нивните родители, посакав да се обидам, барем на кратко да разубавам нечиј ден. По професија сум дипломиран фармацевт, но силно верувам дека освен лекови и суплементи кога си болен за да ти стане подобро, понекогаш потребно е и нечие искрено внимание или убав гест”, изјави Константинова.
„Огромно
задоволство за нашата компанија е да понудиме помош онаму каде што е вистински
потребна и да дадеме целосна поддршка со цел да изнудиме искрени детски
насмевки. Затоа ги повикуваме сите оние кои можат да помогнат и да се вклучат
во акцијата “Биди хуман,
сподели радoст, израдувај непознато дете”со цел да
допринесат за подобро утре на сите нас, затоа што децата учат од пример, и токму ова е одличен начинза сите ние да придонесеме за создавање на здраво општество и здрави навики.
Во книгичките со Рисот Ристе,
дејството се одвива во различните градови од Македонија, голем акцент е ставен
на другарувањето и на прифаќање на истовремено се промовираат и здравите
животни навики, а голем акцент е ставен и на спортувањето. Ние како компанија на која од особена
важност и е здравото ошштество и создавањето на здрави навики, грижата и
мотивацијата да допринесеме во овој процес неуморно ја даруваме и негуваме”– надополнија од тимот на Сара Фешн!
Претставници од тимот на Сара Фешн и авторката на книгите “Рисот Ристе” - Весна Константинова беа топло пречекани од директорката на Домот за деца без родители “11 Октомври” во Скопје ,Соња Стамевска, која ги прими книгичките, заедно со меки чорапчиња од брендот Сара Фешн во Скопје, и се заблагодари за убавиот гест од името на дечињата како и за пријатната соработка.
ПР објава