Welcome to Macedonia – сега и во форма на златна јакна на Армин ван Бјурен

Добивај вести на Viber

Армин ван Бјурен е дел од програмата „Welcome to Macedonia“, иницијатива што Сатја Грабулоски со задоволство ја реализира во соработка со Avalon Booking уште од 2018 година. 

Годинава, на програмата ѝ се придружува и Fashion Group Macedonia, која ја збогатува содржината со силна модна компонента.

Во својата објава, Грабулоски открива дека специјалната 18-каратна “one-of-a-kind” јакна на светски познатиот ди-џеј не е само моден детал, туку дел од самата концепција на програмата. 

Оваа уникатна јакна – дизајнирана исклучиво за Армин ван Бјурен – ќе биде претставена како симбол на спојот меѓу музиката и современиот дизајн, а воедно претставува и своевиден трибјут кон Македонија како културна дестинација.

„Welcome to Macedonia“ изминатите години израсна во препознатлива платформа која ја промовира земјата преку влијателни имиња од светската сцена, а оваа година, преку присуството на Fashion Group, добива дополнителен визуелен и моден белег. Ј

акната на Армин ван Бјурен ќе биде вклучена како официјален сегмент на програмата и ќе служи како визуелен симбол на новата етапа во проектот.

Фото: Stefan Rajhl