Се подготвува голема прослава: Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно заедно, одат во Њујорк, а причината е преубава

Добивај вести на Viber

Познатата двојка неодамна на кратко се раздели, па почнаа да се појавуваат приказни дека дошло до несогласувања помеѓу нив.

Сепак, тие по неколку дена, беа повторно фотографирани заедно. Уловени се додека се качуваат во приватниот авион со кој ќе летаат за Њујорк.

Познатата двојка, Џенифер Лопез и Бен Афлек, одлучи да отпатува за Њујорк, а за тоа имаат одличен повод. Имено, тие таму ќе приредат голема забава во чест на 50-от роденден на актерот.

Она што сите го забележаа, судејќи по фотографиите, е дека Бен е поприлично сериозен, па многумина се запрашаа дали со нив сѐ е во ред.

Ниту Џеј Ло не изгледа многу среќно, но можеби се само уморни, бидејќи повеќе пати во последните неколку месеци го менуваа местото на престој, беа на меден месец, а со децата организацијата не е баш едноставна.

Да потсетиме, тие двајца тајно се венчаа на 16 јули, по што заминаа на меден месец во Париз.

Бен и Џеј Ло првпат се верија кон крајот на 2002 година, но во 2004 ја раскинаа веридбата.

Двајцата ги продолжија своите животи еден без друг, вклучувајќи бракови и деца, но поранешните љубовници повторно ја обновија романсата пред нешто повеќе од една година и од тогаш се неразделни.

фото: Принтскрин / Инстаграм