Се појави шокантно видео од Енрике Иглесијас, фатен како се бакнува со друга жена: „Ова нема да ѝ се допадне на неговата сопруга“

Обожавателите на Енрике Инглесијас шокирани го гледаат видеото на кое е прикажана интимна средба меѓу пејачот и една жена. Видеото е снимено пред неколку дена во Лас Вегас, а остатокот од приказната е многу необичен.
Жената од видеото е обожавателка на Енрике Иглесијас. Кога го забележала, притрчала кон него и прво го бакнала во образот, а потоа продолжила да го бакнува во уста. Во тој момент изгледаше изненадено, но тој ѝ дозволи да го бакне и тоа траеше. Таа успеа да се фотографира заедно со него.
И каде што има еден шок, таму има уште едно изненадување. Контроверзното видео го објави самиот пејач на својот Инстаграм профил како најава за концертот во Вегас, па или сакал да го искористи изливот на љубов што му го пружи оваа девојка за подобар маркетинг или пак сакал да спречи уште полошо сценарио што ќе се случеше доколку видеото беше објавено на друго место. Вака Енрике вели: „Се случи и немам што да кријам“, но фановите не престануваат да се чудат:
„Ќе се вознемири ли твојата сопруга од ова?“, „Како Ана го дозволува ова?“, „Побогу, дали Ана го поднесува ова?“, „Збунета сум.... Ана дали е ова во ред? Мене не ми изгледа така“, „Леле, толку е несоодветно однесувањето на оваа жена и тоа што ѝ дозволи да го прави ова. Сигурна сум дека твојата сопруга нема да биде среќна“.
Можеби на познатата тенисерка ѝ се допаѓа начинот на кој нејзиниот сопруг најавува концерти доколку го поддржува - секој маркетинг е добар маркетинг. Ќе видиме...
Енрике се ожени со Ана Курникова во 2001-ва година и двојката има три деца: четиригодишните близнаци Николас и Луси и двегодишната Мери.
Извор: zena.blic.rs