Сè се менува, сè се движи, сè лета, и одлетува: Цитати од Фрида Кало

Добивај вести на Viber

Кога беше девојче, Фрида Кало сакаше да стане лекар, но трагичната несреќа што ја доживеа на 18-годишна возраст целосно го промени нејзиниот животен пат. Наместо медицина, таа се посвети на сликарството и стана најпознатата и почитувана мексиканска сликарка. Како уметничка, таа беше запаметена по нејзините автопортрети и нејзините интензивни и треперливи бои, што претставуваа голема болка и страст. Покрај автопортретите, доминантен мотив на нејзините слики беше мртвата природа.

Неколку нејзини цитати:

-Нозе, што ќе сте ми мене кога имам крилја да летам?

-Ти го оставам мојот портрет за да можам да бидам со тебе во сите тие денови и ноќи кога сум далеку од тебе.

-Ништо не е повредно од смеа. Трагедија е најглупава работа.

-Јас не сум болна. Јас сум скршена. Но, среќна сум сè додека можам да сликам.

-Ништо не е апсолутно. Сè се менува, сè се движи, сè лета и одлетува.

-Јас сликам цвеќиња за да не овенат.

-Преживеав две големи несреќи во животот. Едната во која трамвајот направи да бидам таква каква што сум, а другата е Диего.

-Не сликам соништа или кошмари, ја сликам мојата реалност.

-Се сликав затоа што сум премногу често сама и затоа што сум „субјектот“ што го знам најдобро.

-Пијам за да ја удавам болката, но проклетата болка научи како да плива и сега се обидувам да допливам до пристојноста и добрите манири.

-Единствено што знам да правам е да сликам, затоа што имам потреба, и сликам сè што ми минува низ главата, без да размислувам.

-Да се ​​биде сопруга на Диего е најчудната работа на светот. Јас го пуштам да си игра брак со други жени. Диего не е ничиј сопруг и никогаш нема да биде, но тој е одличен пријател.

-Порано мислев дека сум најчудната личност на светот, но тогаш помислив дека од толку многу луѓе во светот, мора да има некој исто како мене, кој се чувствува бизарно на начинот на кој јас се чувствувам. Тогаш би ја замислила таа личност така, мислејќи дека и таа ме замислува мене. Ако сте таму некаде и го читате ова сега, знајте дека е вистина дека јас сум тука и дека сум толку чудна колку што сте вие.