Се слави Свети Лав: Верувањата велат да стоите подалеку од оган
МПЦ и верниците денеска го слават Светиот лав, епископот во Катана, кој се прослави за време на неговиот живот како голем добродетел и светец кој може да ја излекува секоја болест и да ги протера сите маки.
Свети Лав живеел во Италија во 8 век и целиот свој живот го посветил на помагање на болни и сиромашни. Освен ова, Лав бил жесток бранител на христијанството, кој се занимавал со секаква ерес и паганство. Псалм 50, најмоќниот запис во Библијата: Сите нечисти сили треперат од него!
Свети Лав им беше добар пастир и милосрден наставник на луѓето во градот Катана, под вулканската планина Етна. Многу се погрижи околу болните и сиромашните.
Неговата ревност за верата беше исто толку голема како и неговото милосрдие кон неволните. Во тој град се појави еден магионичар Илиодор, кој го замајуваше народот со разни магиски вештини и ја развраќаше младината во градот. Еднаш за време на литургија влезе во Божјиот храм и се зафати да волшепствува.
Светиот Лав му пристапи, го врза со едното крајче на својот омофор и го одведе на градскиот пазар. Овде нареди да се запали голем оган и кога огнот се разгоре, влезе самиот во него и го вовлече внатре и Илиодор. Илиодор сиот изгоре, а свети Лав остана недопрен од огнот. Од ова сите што беа заведени од Илиодор и гледаа во него божество се засрамија. А милосрдниот и ревносен Лав се прочу по целото царство како голем чудотворец, којшто со своите пресветли чуда им помага на луѓето.
По неговата смрт од неговите мошти потече исцелително миро. Се упокои во 8 век.
Свети Лав е особено почитуван на Сицилија, каде што го поминал поголемиот дел од својот живот и каде сè уште е заштитник на градовите Синагра, Линдја и Ромете. Го слават и католичките и православните цркви.
Меѓу народнот, денешниот светец е почитуван затоа што внесува здравје и среќа во секој дом на верниците и, како што ги чистел неверниците со оган, со пламен ги одземал сите неволји, болести и несреќи. Затоа верувањето е дека од огнот треба да се пазите особено на овој ден.
Извор-Фото: денови.мк