Секој од нас може да даде дел од себе за да го направиме нашето општество подобро: Викторија Лоба сочувствува со Кочани

Добивај вести на Viber

Секој од нас може да даде дел од себе за да го направиме нашето општество подобро, похумано и побезбедно место за сите-е ставот на пејачката Викторија Лоба.

Таа сочувствува со градот погоден од страшната трагедија и се огласи за трагедијата која погоди цела држава.

„Изминаа 11 дена, но болката што ја донесе оваа страшна трагедија не стивнува. Тешко е да се најдат вистинските зборови за утеха, кога срцата ни се исполнети со тага.

Длабоко сочувство до семејствата и пријателите на сите  засегнати. Нека им е светол патот прерано заминатите души. Нашата мисла и молтива е со нив, а нашата поддршка со оние што се борат за опоравување.

Искрено се надевам дека како заедница ќе најдеме сила да продолжиме понатаму - не со заборав, туку со заедничка поддршка, грижа и сочувство. Секој од нас може да даде дел од себе за да го направиме нашето општество подобро, похумано и побезбедно место за сите . Само со солидарност и љубов можеме да го најдеме патот кон заздравување, подобра сегашност и иднина“. - напиша Лоба на социјалните мрежи, погодена од трагедијата во Кочани.