Секоја жена треба да има и да знае…

Добивај вести на Viber

Овие зборови се напишани од сценаристката Памела Редмонд Сатран, мешајќи разделби и фустани, мудрост и рецепти, љубов и вино. А знаете, тоа е суштината на жената.

Секоја жена треба да има
доволно свои пари за да може да замине и да изнајми за себе стан
дури, и ако таа никогаш тоа не сака,
или никогаш нема да и треба

Секоја жена треба да има
нешто посебно што може да го носи
ако одеднаш има интервју за работа во фирмата од своите соништа,
или за состанок на нејзиниот живот што ќе се случи за еден час.

Секоја жена треба да има
неколку младешки гревови
за што, со задоволство, таа ќе зборува во староста

Секоја жена треба да има
сет од шрафцигер, бормашина без кабел
и градник од црна чипка

Секоја жена треба да има
пријател кој може секогаш да ја расположи,
и што ќе и ги избрише солзите


Секоја жена треба да има
барем едно пристојно парче мебел
што самата го купила,
а не наследила од семејството

Секоја жена треба да има
чувството дека таа ја контролира својата судбина

Секоја жена треба да знае

како да се заљуби, а да бе се изгуби себе си во таа љубов

Секоја жена треба да знае
како да се откаже од работа, да остави човек, да се расправа со пријател -
и во исто време да одржува добри односи со сите, во сите овие случаи

Секоја жена треба да знае
кога да се биде упорна, а кога да се предаде

Секоја жена треба да знае
дека таа не може да ја промени должината на нозете,
ширината на колковите,
ниту нејзините родители

Секоја жена треба да знае
дека нејзиното детство веројатно не било совршено,
но поминало оддамна

Секоја жена треба да знае
што вреди а што не вреди да се прави за љубов,
или за нешто друго

Секоја жена треба да знае
како да живее самостојно,
дури и ако не и се допаѓа тоа

Секоја жена треба да знае
во кого може да има доверба а во кого не

Секоја жена треба да знае
каде да оди кога нејзината душа бара утеха -
кај пријателка со шише вино “….
или во шармантен хотел надвор од градот со…

Секоја жена треба да знае
што може и што не може да направи денес…
За еден месец…
За една година…

Извор: uspesnazena.com

Зошто толку убава, а сама?!