Семејна идила: Дуке Бојаџиев со сопругата сподели нежност, а децата-видно пораснати момчиња

Добивај вести на Viber

Еден од најпознатите македонски композитори на светската сцена, Дуке Бојаџиев, и неговата сопруга Флора, повторно успеаја да ја стоплат јавноста со фотографии полни љубов и блискост. На социјалните мрежи беа споделени моменти во кои семејството зрачи со топлина и среќа.

На една од фотографиите, Дуке и Флора нежно се прегрнуваат, оставајќи впечаток на хармонија и искрена љубов. 


Иако на социјалните мрежи, Дуке ретко ги експонира децата, а профилот кај неговата сопруга може да се забележат фотографии од нив - видливо пораснале и носат радост и свежина во нивното секојдневие.

Иако живеат и работат во Лисабон, семејството Бојаџиеви секогаш наоѓа време за интимни моменти кои потсетуваат на најважното во животот – љубовта, семејството и заедничките спомени. Овие фотографии се вистинска потврда дека покрај интернационалната кариера и бројните професионални обврски, најголемата инспирација за Дуке останува семејството.




РЖМ/ИС