Шанса за баланс помеѓу работата и приватниот живот: Викенд хороскоп од 25 до 27 јули

Викенд полн со големи пресврти. Еве што велат ѕвездите за вашиот астролошки профил.
ОВЕН
Викендот ви носи брзи настани. На работа имате енергија, но внимавајте да не изгорите. Слободните Овни може да бидат изненадени од спонтан повик, додека зафатените се трудат да најдат рамнотежа меѓу обврските и времето со партнерот. Не прескокнувајте оброци – ви треба стабилна енергија.
БИК
Ве следи чувство на смиреност. Работите се одвиваат бавно, но во ваша корист. Слободните Бикови добиваат внимание од некој што претходно го занемариле, а зафатените наоѓаат среќа во едноставните нешта. Внимавајте на вратот и рамениците – истегнете се.
БЛИЗНАЦИ
Овој викенд внимавајте како се изразувате. Можно е недоразбирање на работа.
Слободните Близнаци привлекуваат харизматична личност, а зафатените имаат потреба да разговараат за нешто што ги мачи. Ограничете го внесот на шеќери.
РАК
Викендот ве потсетува колку ви е важна сигурноста. На работа сте пример за доверба. Слободните можат да освојата срце со внимателни зборови, а зафатените прават убави планови за заедничко време. Исклучете го телефонот барем еден час – ќе ви годи.
ЛАВ
Не морате сè сами! Прифатете помош – ќе си го олесните викендот. Слободните Лавови се центар на внимание, а зафатените добиваат поддршка кога им е најпотребна. Пијте повеќе вода и внимавајте на сонцето.
ДЕВИЦА
Посветени сте на практичните нешта. Завршувате задачи што на другите им се комплицирани. Слободните Девици привлекуваат мистериозни личности, а зафатените сакаат повеќе нежност. Јадете полека, без брзање.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ