Шестата Халк Вело Грин трка во организација на Халкбанк собра голем број учесници и посетители

Добивај вести на Viber

На 8 Септември, во Маврово, се одржа шестата по ред хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин, во организација на Халкбанк АД Скопје. Настанот, кој со години се вбројува меѓу традиционалните спортски активности во земјава, повторно собра голем број учесници од различни возрасни групи, како и посетители кои дојдоа да го проследат натпреварувањето и да уживаат во забавната и спортската програма.

Трката се реализираше во три категории - ХОБИ, MЛАДИ и ДЕЦА, во машка и женска конкуренција. Кај најмладите учесници - ДЕЦА, во женска конкуренција најбрза беше Оља Цветанова, зад неа се пласираа Бистра Груевска и Клементина Атанасовска. Кај момчињата, победата ја однесе Андреј Лозаноски, втор беше Марко Чекеровски, а трет Михаил Лозаноски.

Во категоријата МЛАДИ, кај девојчињата најдобри беа Варвара Атанасовска и Ана Кољачкова, додека кај машките најбрзо возеше Кирил Анчевски, пред Константин Костоски и Никола Ристески.

Најсилна конкуренција имаше во категоријата ХОБИ. Кај жените, прва на целта стигна Елена Петрова, втора беше Даниела Атанасовска, а третото место го освои Сашка Костовска-Длака. Кај мажите, најдобро време имаше Марјан Тасевски, следен од Јован Паневски и Мартин Фотевски.

Во возрасните подкатегории од ХОБИ конкуренцијата, кај жените 40 - 49 години најбрза беше Даниела Атанасовска, пред Рената Ќуштеревска и Маре Србиновска. Во категоријата жени 50 - 59 години најдобар резултат имаше Сашка Костовска-Длака, а кај жените над 60 години победничка беше Билјана Иванова.

Кај мажите, во возрасната група 40 - 49 години, најбрз беше Ариан Абдиу, втор беше Александар Михајлоски, а трет Градимир Панчиќ. Во конкуренцијата 50 - 59 години победи Борислав Соларски, втор беше Дарко Домазетоски, а трет Валери Јованчев. Кај мажите над 60 години првото место му припадна на Петар Георгиевски, а втор заврши Сашо Иванов.

Во тимската конкуренција, најдобри беа велосипедистите на Axios Pro, пред екипата на Халкбанк и тимот Macedonian Bike Riders.

Најбрзите велосипедисти во секоја од категориите освоија вредни парични награди обезбедени од организаторот, Халкбанк.  Во категоријата Хоби, и кај жените и кај мажите, првопласираните освоија по 15.000 денари, второпласираните по 10.000 денари, а третопласираните по 5.000 денари. Во категоријата Деца (возраст 6 - 12 години), најдобрите кај девојчињата и момчињата беа наградени со 10.000 денари за прво, 5.000 денари за второ и 3.000 денари за трето место. Истите парични награди беа доделени и во категоријата Млади (возраст 13 - 17 години), односно 10.000 денари за прво, 5.000 денари за второ и 3.000 денари за трето место, во машка и женска конкуренција.

За најмладите учесници беше организирана рекреативна трка со балансери и тротинети, а присуството на маскотата Халки ја направи програмата уште поинтересна и повозбудлива. Децата учествуваа, се забавуваа и добија поддршка од добропознатото слонче за време на активностите.

Настанот беше збогатен и со музичка програма во изведба на шоуменот Викса и ди-џеј Oky Doky, додека за вкусната храна се погрижи Jojo’s BBQ.

Покрај спортскиот дел и забавата, трката Халк Вело Грин е дел од платформата ХалкЕко, преку која Халкбанк во изминатите шест години има засадено околу 100.000 дрвја, уредено повеќе јавни простори, организирано спортски и едукативни настани, како и спроведено проекти за подигање на еколошката свест кај младите генерации. Овие активности ја потврдуваат заложбата на банката за промоција на здрави животни навики, активен начин на живот и грижа за животната средина.

Како и сите претходни години, Халкбанк ќе ги искористи средствата собрани од котизациите за учество во трката за поддршка на хуманитарни и општествено корисни проекти, со посебен фокус на пошумување на локации каде тоа е најпотребно, продолжувајќи го својот континуиран придонес за заштита на животната средина и зајакнување на заедницата.

ПР објава