ШОК?! Татко од Бања Лука откри дека неговите две деца биле во „куќа на ужасите“ во Брчко!

Добивај вести на Viber

Во „куќата на ужасите“ во Брчко пет месеци престојувале и две деца, чиј татко истакнал дека на жена редовно ѝ плаќале услуги за чување деца.

Оваа информација вчера ја објави новинарката на Федералната телевизија Суада Мујдановиќ, која разговарала со родителот, а како што додаде, во текот на вчерашниот ден во полициската станица дошле родители да ги земат децата.

-Тој родител живее во Бања Лука, а неговата сопруга во моментов овде е на распит во полиција, а имаат уште шест деца. Таа и нејзините шест деца моментално живеат во Република Хрватска. Се спомнуваат родители од Босна и Херцеговина, Хрватска, па и Италија, доаѓаат овде да разговараат и да си ги земат децата - изјави новинарката Суада Мујдановиќ.

Таа додала дека децата вчера биле сместени во хотел, а постои сомневање дека ниту едно од децата не е од округот Брчко, пренесува Независне.

За потсетување, во Брчко полицијата заедно со надлежните служби во куќа затекнала 31 дете, од кои едното имало само неколку месеци.